Владата го усвои предлог законот за Јавно обвинителство
Владата на седница го усвои новиот закон за јавно обвинителство. Со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител на Македонија со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен и мерит-системски пристап при избор на кандидати.
Според Владата во законот се вградени релевантни препораки со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован на стручност, интегритет и професионален кредибилитет.
Влада на РСМ
„Донесувањето на овој закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.“
Од министерството за правда посочија дека со новиот Закон за јавно обвинителство се предвидува зајакнување на кретериумите за избор, оценување, дисциплинска одговорност и разрешување на јавните обвинители, со цел унапредување на владеењето на правото и исполнување на обврските од Реформската агенда. Оттаму велат дека со овој закон при постапката за избор на државен јавен обвинител, кандидатите ќе доставуваат биографии и програми за работа кои јавно ќе се објават, а Советот на јавни обвинители ќе дава позитивно мислење за соодветните кандидати.
Министерство за правда
„Законските измени предвидуваат редовно оценување на јавните обвинители на секои три години, наместо досегашните четири. Доколку обвинител добие негативна оценка, ќе следи вонредно оценување по една година, а повторна негативна оценка ќе биде основ за разрешување.“
Во моментов функцијата в.д. државен јавен обвинител ја извшрува Анита Тополова-Исајловска до именувањето на нов државен јавен обвинител, не подолго од шест месеци. Таа доаѓа на позиција откако Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка на денот кога Собранието требаше да го разгледува владиниот предлог за неговото разрешување. Собранието на седница утврди престанок на неговата функција.
Од објавувањето на одлуката во Службен весник започнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на кандидатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија…
Владата го усвои предлог законот за Јавно…
Владата на седница го усвои новиот закон…
Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси,…
Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои…
Грција меѓу омилените дестинации за одмор на…
Жителите на ЕУ во 2024 година направиле…