Владата ќе одвои 120 милиони денари за прифаќање на бегалците од Украина

Владата на денешната 30-та седница, го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.
Овие средства, информираат од Владата, ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности.
На денешната седница Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани со пандемијата од КОВИД-19, како и од енергетската криза, во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година, за најранливите категории граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…