Влада: ДПИ за три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз сите угостителски објекти во Македонија

t

На владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Северна Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.

„Никој не е над законот.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба.

Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените.

Водно, во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот.

Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…