Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

t

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.

Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

-Во координација со надлежните институции и економските оператори, ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет, наведуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18…

Владата ја информира јавноста дека, по разговори…

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во…

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната…

Мицкоски: Македонија има најевтини горива во регионот,…

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања…

Дурмиши: Цените се ставени под контрола, со…

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши,…

Арбреша Беџети Ферати станала професор на Универзитетот…

Голем број органи во рамките на Универзитетот…