Владино бифе работело на црно без фискални сметки – скандалозен ревизорски извештај
Државниот ревизор утврдил сериозни неправилности во работењето на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата за 2024 година — од неиздавање фискални сметки во владиното бифе, до неуредна евиденција на државен имот вреден стотици милиони евра.
Според извештајот, во текот на дел од 2024 година во владиното бифе не се издавале фискални сметки, а дневниот промет не се уплаќал редовно, туку по неколку месеци. Констатирани се и значително ниски пријавени износи во одредени периоди.
Ревизијата открила и големи разлики меѓу сметководствената и фактичката состојба: кусок на залихи од околу 4,1 милиони денари и недостиг на ситен инвентар од над 4,2 милиони денари, без утврдена одговорност. Дури 95% од залихите се застарени и неупотребливи.
Дополнително, СОЗР не водела точна евиденција за државно земјиште вредно околу 325 милиони евра — дел од веќе продадени парцели сè уште се водат како државни, а за некои локации воопшто нема податоци за користење.
Ревизорите нотираат и слабо планирање на набавки, спорен лизинг на 45 возила без економска анализа, ангажирање привремени лица без соодветни квалификации и случаи на фаворизирачки услови во јавни набавки.
Извештајот отвора сериозни прашања за контролата, отчетноста и управувањето со државните ресурси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владино бифе работело на црно без фискални…
Државниот ревизор…
Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
,,Моето дете е во гроб” – емотивни…
Прекин на рочиштето и потресни сцени го…
Денеска нови претреси во објекти за марихуана…
Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку…
Филипче за протестите за возачки дозволи: Власта…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор…