ВЛЕН бара истрага за екс директорот на ЈПДП – Ејуп Рустеми вели: „Тоа се клевети“

t

ВЛЕН бара од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет и да ги провери информациите објавени во јавноста поврзани со работата на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Од ВЛЕН изјавија дека тој се сомничи дека извршил притисок врз една голема европска компанија за производство на заштитни огради за автопат да не учествува на тендери во Македонија, со што, според Мухамед Елмази од ВЛЕН, се отворил пат за компанија од Србија.

„Тука не зборуваме за обичен тендер, тука зборуваме за елиминација на конкуренција, за фаворизирање на фирма, за милионски суми и игри со парите на граѓаните. Уште посериозно е што станува збор за заштитни огради — тоа не се украси што се поставуваат на патиштата, туку опрема што директно е поврзана со безбедноста на сообраќајот и животите на луѓето. Ако безбедноста на граѓаните е ставена на пазар за тендерот да оди кај српска компанија, тогаш дали треба да очекуваме нови трагедии како онаа во населбата Ласкарци за институциите конечно да се разбудат.“, порача Михамед Елмази.

Во врска со овие обвинувања на ВЛЕН, реагираше и самиот Ејуп Рустеми, нарекувајќи ги клевети тврдењата на некои портали. Тој изрази жалење што, според него, поради тесни политички интереси во јавноста се изнесуваат тешки обвинувања без никаква фактичка основа, со обид да се наруши неговото име и интегритет преку дезинформации. Според Рустеми, уште позагрижувачки е фактот што прашања поврзани со безбедноста на граѓаните се користат за политички напади и лична дискредитација.

„Тврдењата што се изнесуваат се целосно невистинити, неосновани и не се поткрепени со ниту еден факт или официјален документ. Вистината е дека во периодот додека бев директор на ЈПДП не е спроведена ниту една тендерска постапка за набавка на заштитни огради од страна на ова претпријатие. Не постоел никаков тендер во рамки на ЈП во кој можело да биде фаворизирана, исклучена или дискриминирана некоја компанија. Никогаш не постоела тендерска постапка под надлежност на институцијата што ја раководев, па не може да има ниту влијание, ниту притисок, ниту одговорност од моја страна.“, вели Ејуп Рустеми.

Додека од ВЛЕН поставуваат дилеми за досегашното неделување на Обвинителството, барајќи од обвинителот Ислам Абази да преземе конкретни чекори за расчистување на случајот, Рустеми упати повик до претставниците на ВЛЕН, доколку поседуваат и еден единствен доказ што ги поткрепува нивните тврдења, да го достават до надлежните институции и до јавноста. Во спротивно, Рустеми рече дека очекува да покажат политичка и морална одговорност, да се повлечат од овие тврдења и јавно да им се извинат на граѓаните и нему лично за ширење неточни информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН бара истрага за екс директорот на…

ВЛЕН бара од Обвинителството за гонење на…

Ограбена аптека кај Бит Пазар: Со закана…

МВР информира дека доцна синоќа е ограбена…

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар,…

Поради големиот пожар на депонијата за отпад…

Ново пукање во Белград, убиено едно лице

Едно лице е убиено, а друго е…

УХМР предупредува: Дожд, грмежи и град во…

По неколкудневното стабилно и топло време, метеоролозите…