ВЛЕН и ДУИ го поддржаа протестот но, со меѓусебни критики за нерешавање на проблемот
Протестот беше поддржан и од албанските политички партии. Додека опозициските партии беа присутни на протестот, владејачките партии ја изразија својата поддршка од далечина. Генералниот секретар на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека ако ова прашање не е решено 30 години, зошто да не се реши денес.
„Ако не било на албански јазик изминатите 30 години, зошто денес да не биде? Денес е поднесено барање и денес е актуализирано барањето, всушност, не би требало ни да постои барање. Денес гледаме и ставовите на Филков, кој вели дека правосудниот испит е испит за проверка на јазичните знаења, а потоа по две-три недели, кога гледа дека греши сериозно, вели дека е професионален испит и дека не е административна постапка. За едното и за другото лажe, законот е јасен“, вели Арбр Адеми.
Од ВЛЕН велат дека во изминатите две децении имало 7 министри Албанци од ДУИ во Министерството за правда и не го решиле ова прашање. Претседателот на Беса во ВЛЕН, Билал Касами, рече дека партијата на Ахмети ги крие своите неуспеси по протестите на студентите.
„Секако дека поддржуваме секој студентски протест и како што изјавивме, од премиерот и другите експоненти на власта, гарантираме дека ова прашање ќе се реши како што треба. Но е иронично тоа што опозициските партии, особено ДУИ, денес излегоа во поддршка на студентите, за да ги решат проблемите што тие им ги оставија на овие студенти. Можам да кажам дека сум горд што студентите се слободни да протестираат, дури и покрај фактот што ова прашање им беше гарантирано дека ќе се реши“, вели Биљал Касами.
Премиерот Мицкоски вчера изјави дека Владата формираше група уставни експерти кои работат на наоѓање решение кое ќе биде уставно и во согласност со меѓународните стандарди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН и ДУИ го поддржаа протестот но,…
Протестот беше поддржан и од албанските политички…
Русија за војната во Иран: Регионот е…
Кремљ предупреди за „опасните и негативни последици“…
Министерство за правда: Протестот покажа обид за…
Министерството за правда го почитува правото на…
Нема договор: Трамп не прифати прекин на…
Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил…
Дизелот од вечерва поскапува, дел од бензините…
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за…