ВЛЕН побара објаснување од министерот Лимани за заедничката фотографија со Али Ахмети и Арбен Таравари
Коалицијата ВЛЕН побара јавно објаснување од Фатмир Лимани, откако актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади од редовите на Беса беше забележан на заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со претседателто на Алијансата а Албанците, Арбен Таравари.
Објавената фотографија е направена на ифтарската вечера организирана од премиерот на Албанија, Еди Рама. а од ВЛЕН реагираа дека тој треба лично да објасни зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари.
– Во интерес на вистината, а со цел да се прекинат различните толкувања за вечерашната ифтарска фотографија кај албанскиот премиер Еди Рама, очекуваме Фатмир Лимани лично да ѝ објасни на пошироката јавност зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари. По сè што јавно има изјавено против нив, Лимани има морална обврска да ги разјасни забуните што природно се наметнуваат, велат од Влен за ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН побара објаснување од министерот Лимани за…
Коалицијата ВЛЕН побара јавно објаснување од Фатмир…
Мицкоски: По сите параметри Македонија дејствувала поефикасно…
Ако се спореди тоа што ние како…
СДСМ прашува: Мицкоски, како не ти е…
Од СДСМ попладнево испратија соопштение со реакција…
Одбележани 45 години од формирањето на САЕ…
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето…
(Видео) Акција на МВР и Град Скопје…
По пријава, Град Скопје денес спроведе акција…