ВМРО-ДПМНЕ го одобри Алиу: Министер за здравство ќе биде дипломиран електроинженер…
Левица најостро реагира на најавениот предлог на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за здравство да биде назначен Азир Алиу, дипломиран електроинженер, без никакво искуство или допирна точка со здравствениот сектор. Овој предлог, кој е потпишан и формално поднесен од премиерот Христијан Мицкоски, на 30 мај годинава, до Собранието на Република Македонија, претставува уште една во низата потврди дека здравствената заштита и грижата за животот на граѓаните не се приоритет на оваа Влада!
Во услови кога капацитетот на јавното здравство е на најниско можно ниво, илјадници здравствени работници ја напуштаат државата, пациентите се оставени без основни лекови, медицинската опрема е застарена и неисправна, а редовните штрајкови алармираат за очајната состојба во секторот, Владата предлага за прв човек на Министерството за здравство несоодветен кадар, кој нема елементарно познавање од здравствениот систем. Азир Алиу, дипломиран инжинер по електротехника, нема медицинско образование, нема искуство со управување во јавниот сектор, ниту пак со менаџирање на човечки ресурси во една од најчувствителните сфери – здравството.
Според неговите објавени анкетни листови, Алиу поседува имот во вредност од 358.472 евра, податок кој уште повеќе го отвара прашањето за мотивацијата зад неговото назначување. Повеќе од очигледно е дека на Владата предводена од ДПМНЕ воопшто не и е приоритет здравствената заштита и здравјето на македонските граѓани. Тие ги исполнуваат партиските агенди преку кои здравјето на секој граѓанин во Македонија е последно во редоследот на интересите.
Ова е директен напад врз здравјето на граѓаните и уривање на и она малку преостанат интегритет на јавното здравство.
Левица предупредува: здравствениот систем не смее да биде лабораторија за партиски експерименти! Поставувањето на нестручна и неподготвена личност во овој ресор само ќе го продлабочи колапсот во здравството. Наместо решенија, добиваме импровизации! Наместо стручност, добиваме политички договори!
Бараме итно повлекување на предлогот за именување на Азир Алиу за министер за здравство и конечно ставање на интересите на граѓаните пред партиските калкулации.
Управувањето со здравствените институции мора да биде во рацете на стручни, етични и професионални лица со визија за здравствена реформа и обновување на изгубената доверба кај граѓаните.
Здравјето не смее да биде монета за политички пазарења!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…