ВМРО-ДПМНЕ е за раст на платите, вината за економската ситуација на граѓаните е само кај власта

t

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на ставот на Стефан Богоев и прес конференцијата на Богданка Кузеска

“Ставот на г-динот Трајко Славески е негов личен став. исто како што постојат бројни ставови на експерти про и контра растот на минималната плата.

ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е за раст на платите во Македонија, вклучително и на минималната плата.

Но суштинското прашање кое треба да се постави е дали владата со ова ќе постигне нивелирање на сите останати плати во државата? Сите работници имаат право да го остварат тоа, бидејќи инфлацијата која власта не успеа да ја сопре навреме ги засега сите граѓани.

Доколку власта навистина искрено сака да постигне пропорционално нивелирање на платите во сите сектори, тогаш тоа може да го направи со платите во образованието согласно градацијата во колективниот договор. Тоа Владата може да го направи, бидејќи тоа е директно нејзина ингеренција.

Дополнително, бидејќи власта на заевизмот создаде ненормални економски услови за стопанисување во Македонија, Владата има обврска да престане со крадењето и матните тендери и средствата да ги насочи кон поддршка на ослабените и уништените компании со цел растот на платите да го постигне целосниот ефект за сите субјекти во економијата.

За жал власта на заевизмот со месеци, особено пред изборите ги манипулираше работниците, и ја злоупотребуваше темата, па го одложуваше покачувањето на минималната плата, за сега да бара изговори и вина во други.

Вината за економската состојба на граѓаните и нивниот стандард е единствено само кај власта, бидејќи таа создаде неподносливи економски услови и за работниците и за стопанството, кои само создаваат поголема сиромаштија и тонење.” – стои во соопштението на опозицисската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…