ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе Гостивар до колапс

t

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Мартин Андоновски, претседател на ОК – Гостивар.

-Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните. Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за гостиварчани, вели Андоновски.

Посочува дека ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината.

-ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари. Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај, вели Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го…

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот…

Почина екс потпретседателот на Антикорупциска – Нури…

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен…

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската…

Реставрирани се уште две скапоцени дела од…

Пензионерите го очекуваат септемвриското усогласување – наскоро…

Пензионерите во земјава со внимание го очекуваат…

Црна Гора го укинува безвизниот режим за…

Црна Гора се подготвува да го укине…