ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празните ветувања од СДС, работниците добија реално повисоки плати
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност, наведуваат во денешното соопштение.
„Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики што носат резултати.
Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка.
Таквата промена ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.
Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и останатите примања“, нотираат во соопштението.
„Денес разликата е очигледна. По две години управување со државата, не зборуваме за барања, туку за реализирани обврски.
Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари.
Во основното и средното образование зголемувањата се движат од 46% до 60% во период од четири години.
Во високото образование платите се повисоки за најмалку 14%.
Во здравството растот изнесува меѓу 40% и 50% во рамки на еден мандат.
Полициските службеници добија покачување од 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административни, судски и обвинителски службеници имаат обезбедено раст од 40% до 2028 година.
Колективните договори се почитуваат, а исплатата на платите е редовна.
Инфлацијата е стабилизирана во однос на претходните двоцифрени стапки.
Ова се системски и одржливи решенија, а не ад-хок мерки. На овој начин ја спроведуваме обврската кон работниците.
Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.
Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празните ветувања од СДС, работниците…
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на…
СДСМ: „Најголемиот нарко скандал од 5 тони…
„Доста се наслови за жолт печат, најголемиот…
Најчевска до Силјановска: Ајде Гоцо дај ни…
Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните…
Полицијата му ја зела возачката, тој ја…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р.…
Јавниот долг на Северна Македонија зголемен за…
Вкупниот јавен долг на Северна Македонија изнесувал…