ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Бугарија и го повика Османи на собраниска комисија

t

– ВМРО-ДПМНЕ нема добиено покана од Владата да има претставници во работните групи со Бугарија, а доколку и добие покана опозициската партија нема да учествува зашто така би била декор на власта и би дала легитимитет на нивното погрешно функционирање, рече партискиот портпарол Димче Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој додаде дека собраниската Комисија за надворешни работи е местото каде што власта треба да учествува и да одговора на нивни прашања.

– Ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања. Министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува на Комисијата. Претходно истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи. Така што, еве, повик јавно Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец Антонијо Милошоски и да одговори на сите прашања коишто ги бара јавноста, граѓаните, опозицијата и сите останати чинители во Република Македонија, рече Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…