ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат детали: Вјоса Османи двапати ги кршела протоколите, пилот не дозволувал авионот да полета без проверка на багажот!
Во два наврата претходно за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, косовската претседателка Вјоса Османи кршела процедури и протоколи а МВР молчело, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, цитирајќи наоди од записниците.
Во записникот од 16 септември лани пишувало: „По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврдела дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателот не треба да се проверува.
„Од страна на капетанот на летот и претставник на ‘Кроација Ерлајнс’, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатена на летот“, се наведува во записникот од 09 октомври 2023 година.
-Тогаш МВР молчело, а СДСМ и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите. СДСМ со чаршаф соопштенијата си пука во слепоочница, коментира ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Каранфилова Пановска: Основани се сомнежите дека бегството…
Факт денеска е дека Артан Груби не…