ВМРО-ДПМНЕ со навреди кон работниците: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица
Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
На улица каде вечерва решија да ги бранат работничките права и да бараат повисоки плати едвај собраа околу 1000 лица. Истите тие вечерва ги избраа улиците, наместо да седнат и на маса да се договараат. Истите тие одбија 40 проценти покачување на платите во рок од две години. Истите тие, или СДС, Левица и нивните синдикати, ССМ, се еден вид сојузници против работниците, против зголемување на нивните плати кое јасно им беше понудено. Нивниот тн. лидер Слободан Трендафилов што знае како е да се живее со минимална плата кога зема 3-4 минимални плати. Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери веќе се јасни. Тие само глумат грижат за работниците, нивните плати, нивниот стандард на живот. ВМРО-ДПМНЕ доследно и постојано се грижи за стандардот на живот на секој еден граѓанин, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ со навреди кон работниците: СДС, Левица…
Таканаречените борци за работнички права, или СДС…
Трамп со ултиматум до Техеран: Се приближува…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати драматично…
Андонов: Владата шири евроскептицизам
Проф. д-р Оливер Андонов денеска ја коментираше…
Макрадули: Транспортерот нема никакво фајде од тоа…
Сѐ уште верувам дека ќе дојде време…
Петрушевски удри по работникот: ССМ водат политика…
„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во…