ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема доверба

t

Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од порталот МКД.мк во соработка со агенцијата „Маркет вижн“, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Анкетата, реализирана во периодот од 2 до 18 март на примерок од 1.200 испитаници, укажува дека и покрај тоа што владеачката партија речиси две години е на власт, а Мицкоски ја извршува функцијата премиер, нивниот рејтинг останува значително повисок во однос на опозицијата.

 

На прашањето во кој политички лидер имаат најголема доверба, најголем дел од испитаниците изјавиле дека не веруваат во ниту еден. Сепак, 25,2 отсто од анкетираните посочиле дека најмногу му веруваат на Мицкоски, што е повеќе од збирот на довербата во останатите партиски лидери.

Во однос на партискиот рејтинг, 24 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. На второ место е коалицијата Вреди со 5,1 отсто, следуваат СДСМ со 4,9 проценти, ДУИ со 4,8, Левица со 3,1 и ЗНАМ со 2,1 отсто.

Истражувањето открива и значителна апстиненција кај гласачите – 28,1 отсто од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат, додека 9,7 проценти се уште не се сигурни дали ќе излезат на избори.

Кај оние кои се изјасниле за конкретна партија, повеќе од половина би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5 отсто се определиле за Вреди, 11,1 за СДСМ, 10,9 за ДУИ, 7 проценти за Левица и 4,8 за ЗНАМ.

На прашањето поврзано со евроинтеграциите, 52 отсто од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во Европската Унија како членка без право на вето, односно со статус на набљудувач.

Во однос на перцепцијата за насоката на државата, 36,2 проценти сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, додека 46,9 отсто одговориле дека земјата оди во погрешна насока.

Анкетата е спроведена со CATI метода – телефонско анкетирање со компјутерска поддршка, а примерокот е репрезентативен според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно податоците од пописот во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема…

Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од…

Грозданоски со голи раце го уби Митрески…

Охриѓанецот Климе Митрески (76) е убиен на…

Чешка вели дека нема пари за одбрана…

Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш,…

Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…

Војната во Иран води до поскапување на…

Конфликтот во Украина предизвика значително зголемување на…