ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви
Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма. Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара Инженеринг ДОО Струмица е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај“, стои во партиското соопштение.
Од партијата обвинуваат и дека поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште ја води партијата.
„Заев се уште го води СДС и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче, ги става директори на фирми блиски до неговото семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал…
Блискоста на Заев и Филипче и ден…
Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред…
ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј…
СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија
На Клиниката за онкологија веќе две недели…
СДСМ бара одговорност за труењето во РЕК…
Прес конференција, Драган Крајовски, Член на ИО…
СДСМ не се задоволни од предлогот на…
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ…