ВМРО кворумска повторно заеднички со СДСМ и ДУИ гласаше во Собрание!

t

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска заеднички изгласаа директор на ОТА.

На денешната 131 седница на Собранието на Република Македонија беше донесена одлуката за избор на Јаническа за нов директор на ОТА. Во салата на Собранието беа присутни вкупно 93 пратеници, а за оваа точка пратениците гласаа едногласно.

На здруженото гласање реагиураше и лидерот на Левица, Апасиев, кој симболично им посака среќа “на младите”, алудирајќи на широката коалиција во Собрението.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ заедно со СДСМ со двотретинско мнозинство го изгласа и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, со која практично се укинува парламентарната демократија во Македонија.

Јаническа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…