ВМРО-Народна: Прашањето за јазикот е затворено уште пред 20 години – го преговараа Борис Трајковски и Антонио Милошоски

t

Додека траат актуелните препукувања на релација Скопје – Софија околу употребата на македонскиот јазик, ВМРО-Народна партија (ВМРО-НП) излезе со став дека оваа дебата е беспредметна бидејќи прашањето е одамна затворено.

Партијата на Љубчо Георгиевски ги потсетува политичките фактори дека проблемот со јазикот помеѓу двете држави е решен уште со договорот помеѓу тогашните премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски, врз база на јасна формула за реципроцитет.

Формулата што го реши проблемот
Од ВМРО-НП потсетуваат дека договорот гласи:

„Македонски јазик според Уставот на Република Македонија и бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија.“

Кој го договори ова?
Во своето соопштение, ВМРО-НП испраќа директна порака до својата „мајка-партија“ ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги на историските факти и луѓето кои учествувале во тој процес.

„Тогашниот процес на договарање од македонска страна го има водено и потпишано политичка партија со име ВМРО-ДПМНЕ. Главен преговарач беше тогашниот заменик министер за надворешни работи, г-динот Борис Трајковски, а од кабинетот на премиерот активно учествуваше г-динот Антонио Милошоски“, се наведува во реакцијата.

Апел до Софија: Почитувајте го потпишаното
Партијата смета дека и денешната, но и секоја идна бугарска влада, има обврска да го почитува она што го потпишале нивните претходници. Ставот на ВМРО-НП е дециден – двете страни не треба дополнително да отвораат прашања кои се веќе затворени пред повеќе од 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-Народна: Прашањето за јазикот е затворено уште…

Додека траат актуелните препукувања на релација Скопје…

До 17 часот правото на глас го…

На повторените избори не е потребна излезеност…

Кубанските војници разочарани од „предавството“ на руските…

Кубанската војска остро реагираше на одлуката за…

Стармер во разговори со сојузниците за можно…

Британскиот премиер Кир Стармер води разговори со…

Аца Лукас: Ноќеска се обидоа да ме…

Српскиот пејач Аца Лукас објави на Инстаграм…