ВМРО-НП со повик до Владата: Штом воведовме санкции за Русија барајте компензациски фондови од ЕУ

t

ВМРО-НП денеска ја повика Владата на утрешниот состанок со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жосеф Борел да го отвори прашањето за компензациските фондоци и за Македонија.

-Земјите на ЕУ прифаќајќи ги санкциите на ЕУ кон Русија добиваат пристап кон разни компензациски фондови на Унијата со што поголем дел од штетите кои ќе ги имаат како национални економии ќе им бидат компензирани.

Затоа ја повикуваме македонската Влада на утрешниот состанок со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жосеф Борел да го отворат истото прашање и за Македонија, особено ако знаеме дека истите фондови се отворени и за земји-кандидати за членство во Унијата, затоа што штетите кои македонската економија ги трпи не се воопшто мали, а притоа многу фирми се на удар токму поради санкциите кои што Македонија и ги воведе на Русија“, соопшти ВМРО-НП.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Споредбите меѓу Хитлер и Путин се неправедни:…

Чешкиот претседател Милош Земан се спротивстави на одлуката на…

Србија нема да ги прифати резултатите од…

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави…

Анкета во Запорожје: 93% од гласачите на…

Огромното мнозинство гласачи кои првиот ден учествуваа…

Поранешни руски генерали смируваат: Малку е веројатно…

Русија веројатно нема да користи нуклеарно оружје…