ВНИМАВАЈТЕ ВЕЧЕРВА – на овој патен правец густа магла

t

Поради појава на магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик илегално ја напушти Босна и Херцеговина:…

Со оглед на тоа дека претседателот на…

Граѓанин му пиша на министерот Андоновски: Кој…

Граѓанин на Твитер (Х) му пиша на…

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Првиот на браникот ја дувна: Милорад Додик…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти…