Внукот на Али Ахмети се зачлени во Беса

t

Поранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, денес ќе ѝ се приклучи на партијата Беса заедно со својата политичка структура, објави Алсат.

Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори минатата есен.

Од Беса целат дека станува збор за крупен политички настан, поради тоа што Лимани, покрај во Кичево, каде водеше тесна борба за градоначалничката функција, има ограноци и во Скопје, Арачиново, Битола, Струга и во други места.

Приклучувањето на Лимани го потврди и лидерот на опозициската партија Беса, Биљал Касами.

Лимани со години беше член на ДУИ, но ја напушти партијата по серија несогласувања со раководството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…

Во Србија изработен просторен план за гасна…

Во Србија е изработен и ставен на…

Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…

Азербејџан и се извини на Русија за…

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му се…