Водно добива постојана планинска спасителска служба, објави Ѓорѓиевски
„Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите“, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови.
Според Ѓорѓиевски, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица, а спасителите ќе поминуваат континуирани обуки и симулациски вежби за унапредување на нивната подготвеност.
Дополнително, на Водно и во Кањон Матка ќе бидат поставени пунктови каде посетителите ќе можат бесплатно да го измерат крвниот притисок, а ќе се реализираат и едукативни активности за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина.
Ѓорѓиевски посочи дека за реализација на проектот е обезбеден буџет кој е двојно поголем во споредба со минатата година, што, како што рече, ќе овозможи подобра опрема, поголема подготвеност и поквалитетна помош за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водно добива постојана планинска спасителска служба, објави…
„Планинска спасителна служба ќе биде достапна на…
Хорор во скопски Сарај: 16-годишник со нож…
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен…
Осветен крстот кај кружниот тек во Кочани,…
Денеска во Кочани беше извршено осветување на…
Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива…
Во Македонија во моментов се градат шест…
Уставен суд: Не е релевантно какви имиња…
Уставниот суд упати остри критики до политичките…