Објавено на:

Воен брод тргна од Варна – допловија мини во Црно море!

t

Воената морнарица ќе изврши извидување и истрага по добиениот сигнал за забележана мина во Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.

Денеска, 28 март, како што соопшти Координативниот центар за поморско спасување – Варна, од Турскиот центар за спасување е добиена информација дека турскиот брод „ТОМРИЗ-А“ пријавил водна мина околу 06.00 часот (бугарско време), на околу 37 наутички милји источно – југоисточно од Галата.

Воената морнарица ќе ја прегледа областа со хеликоптер и по потреба ќе испрати брод со специјална група за уништување на мината.

Ова се наведува во соопштението на бугарското Министерство за одбрана.

Друга мина бил откриен од рибари на околу 70 километри од Мидија во Црното Море. Брод на романската морнарица отишол на местото за да ја испита ситуацијата, објави БГНЕС, повикувајќи се на Романија журнал.

Миночистачот и контролниот брод Вицеадмирал Константин Белеску, заедно со група нуркачи за деминирање, се во мисија да истражуваат и да интервенираат во поморска област на околу 39 наутички милји (70-72 км) од брегот на Црното Море, спроти Муселс.

“Пријавено е дека таму има подвижна морска мина“, соопшти Министерството за национална одбрана на Романија.

Мината утринава бил забележана од романскиот рибарски брод Олимп 1, чиј командант ги информирал романските власти на официјалните канали околу 08:10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…