Возел мопед без возачка дозвола, изгубил контрола и тешко се повредил
Шеесет и едногодишен жител на Кичево се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над мопедот што го управувал, а полицискиот увид покажал дека возел без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година во 09:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, В.В. (61), управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кичево, при што било утврдено дека 61-годишникот го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел мопед без возачка дозвола, изгубил контрола…
Шеесет и едногодишен жител на Кичево се…
Пукна љубовта меѓу Вашингтон и Киев?
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, испрати…
За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти,…
Подзаконските акти за Законот за органодарителство –…
Американците запреа танкер во Оманскиот залив по…
Предупредувањето е издадено врз основа на дојава…
Новите царини на Трамп го брануваат светот,…
Додека дел од земјите најавуваат интензивирање на…