Возел пијан и поминал на црвено: ОЈО Скопје со детали за сообраќајката во Ново Лисиче

t

Момчето на 21-годишна возраст, кое со својот автомобил удри во друго возило и го усмрти возачот, било под дејство на алкохол и поминало на црвено светло на семафорот, се дел од детали кои ги Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за сообраќајката кај трговскиот центар „Лиса“ во Ново Лисиче што се случи ноќта во вторникот кон средата.

По прибирањето на првичните информации, скопското обвинителство даде наредба за истрага против момчето за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Момчето движејќи се по булеварот „Видео Смилевски Бато“, според ОЈО Скопје, не ги почитувало правилата: возело со повеќе од 50 километри на час што е максималната дозволена брзина во населено место и било под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта.

Од обвинителстото велат и дека бараат Основниот кривичен суд Скопје да му одреди мерка притвор на момчето поради опасноста од бегство, можноста да влијае на сведоци или да го повтори делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…