Возел со 2,5 промили алkoxoл: 14 пијани возачи регистрирани во Охрид
МВР информира дека синоќа била спроведена неколкучасовна сообраќајна контрола во Охрид и дека за тоа време со дрегер – уред биле регистрирани 14 возачи кои биле под дејство на алкохол. Во исто време спроведена е контрола во Штип, каде се регистрирани 11 пијани возачи. На прикажаната фотографија се гледа дека за еден од возачите уредот покажал 2,52 промили алкохол, што е многу високо ниво и покажува неспособност за учество во сообраќајот.
„Во текот на вчерашната вечер (15/16.01.2022) во периодот од 21 до 3 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 14 возачи. Во истиот временски период спроведена е контрола и на подрачјето на СВР Штип каде се регистрирани 11 возачи кои управувале под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов топлотен бран – температурите до 40…
Од утре нашата земја повторно влегува под…
Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…