(Вознемирувачки фотографии) Еве како изгледа повреден во пожарот во Кочани! Супорт Кочани открива дека повредените не го добиваат потребниот третман!
Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.
„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, стоеше во кусата објава на организацијата.

„Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто не се обезбедени услови за третирање, како и зошто комората не е во употреба, а потоа прашавме дали има доволно персонал и соодветна апаратура за третирање на повредените. Штом добиеме одговори, ќе ги проследиме.

Во меѓувреме, од „Support Kocani“, споделија две вознемирувачки фотографии.

„Во следните денови редовно ќе споделуваме сведоштва од повредените и нивните најблиски. Фотографии од раните. Доколку не можете да гледате експлицитна содржина, можете да го отследите профилот, бидеќи за жал, ова е реалноста во Кочани“.
Извор: Скопје1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…