(Вознемирувачко видео) Седум туристи загинаа, 32 се повредени, а по тројца се трага откако карпа падна врз моторни чамци во Бразил

Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа паднала врз моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба.
Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис, соопштија локалните власти.
Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.
Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница.
Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 50 полицајци повредени за време на…
Околу 50 полицајци се повредени како последица…
Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…
Русија не треба да ја добие војната…
Макрон го опоменал Нетанјаху: Има премногу цивилни…
Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор…
(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…
Две лица загинаа во невремето во Бугарија…
Се судрија патнички и товарен воз во…
Патнички воз налетал на товарен воз од…