Објавено на:

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година

t

Скокот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран ја доведе инфлацијата во еврозоната до нејзиното највисоко ниво од јули 2024 година.

Error5
На годишно ниво, потрошувачките цени во март пораснале за 2,6 отсто, според конечната проценка објавена денеска од Евростат во Луксембург. Во февруари стапката на инфлација изнесуваше само 1,9 проценти.

Растот на цените во март исто така беше посилен отколку што претходно се проценуваше, пренесе ДПА.

Во својата првична проценка, Евростат пријави годишна стапка од 2,5 отсто. Ова значи дека целта за инфлација од 2 отсто поставена од Европската централна банка (ЕЦБ) е значително надмината, во пресрет на следната одлука на банката за каматните стапки на 30 април.

Инфлацијата во еврозоната во март беше поттикната од цените на енергијата, кои пораснаа за 5,1 отсто како резултат на војната во Иран. Во секторот услуги, инфлацијата благо се намали додека цените на храната и пијалаците пораснаа за 2,4 проценти. Базната стапка на инфлација, која ги исклучува особено променливите компоненти како енергијата и храната, благо се намали од 2,4 на 2,3 отсто.

Загриженоста поради инфлацијата неодамна доведе до зголемени очекувања на финансиските пазари дека ЕЦБ ќе ги зголеми клучните каматни стапки во текот на годината. Централната банка последниот пат ја остави клучната каматна стапка непроменета на 2 проценти. Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард јасно стави до знаење дека ЕЦБ внимателно ја следи ситуацијата и ќе биде подготвена да делува доколку е потребно.

Економистите стравуваат дека шокот со цената на нафтата ќе има широко влијание врз економијата и дека инфлацијата ќе се прошири и на други стоки и услуги. Инфлацијата во Германија во март се искачи на 2,7 проценти, што е највисоко ниво од почетокот на 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Иран ја турна инфлацијата во…

Скокот на цените на нафтата предизвикан од…

Две деца и нивниот татко загинаа во…

Три лица, меѓу кои две деца, беа…

Терористичка група поврзана со Иран под истрага…

Властите во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната…

ДУИ: 1.000 евра месечно за активист од…

Соопштение за јавност на ДУИ: Во Open…

Бродови поврзани со Иран имаат нова рута…

Најмалку два брода санкционирани од САД поврзани…