Во Албанија работат повеќе од 22 илјади странци
Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица.
Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300 дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од вкупниот број вработени во земјата, објавија медиумите.
Поточно, до јуни 2026 година, од Филипините има 3.600 граѓани, што претставува околу 16 отсто од вкупниот број на вработени странци во земјата. Зад нив се граѓаните од Индија со 3.400 вработени или 15 отсто од вкупниот број, по што се граѓаните од Египет, Турција и Италија го следат списокот на странци вработени во нашата земја.
Многу од нив се вработени во барови и ресторани на позиции како келнери, хигиеничари или готвачи, додека производствените фирми вработуваат млади инженери од Индија.
Граѓаните од Египет сè повеќе се вработуваат во секторите за транспорт, сточарство и агро туризам.
Исто така, вработувањето на странци сè повеќе се проширува во семејствата. Државјанки на Филипини се вработуваат како лица за нега на деца, стари лица или домаќинки. Италијанските и косовските граѓани главно водат сопствени бизниси.
Поради големата побарувачка за работна сила, за време на главната туристичка сезона, бројот на странци со дозвола за престој и вработување се очекува да биде многу повисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија работат повеќе од 22 илјади…
Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски…
Муцунски го пречека српскиот премиер Ѓуро Мацут…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Хаос на излез од Скопје: Редици автомобили…
Гужва го закочи сообраќајот на излез од…
(Фото) Сообраќа во Ѓорче Петров, сакал да…
Сообраќајна несреќа попладнево го закочи сообраќајот во…
63-годишник со 2,04 промили алкохол во крвта…
Шеесет и тригодишен жител на струмичкото село…