Во Барселона разбиена албанско-шпанска криминална група, запленети пари и оружје!
Граѓанската гарда уапси 15 лица во Барселона, за кои се верува дека извршиле повеќе од 100 грабежи во неколку провинции, главно во северниот дел на Шпанија, јавуваат Репортери.
Криминалната група, составена од албански и шпански државјани, била со седиште во Каталонија, но дејствувала низ цела Шпанија. Истрагата, која трае речиси една година, започна на крајот на минатиот јануари.
Криминалната група од која се одземени 10.000 евра во кеш, три пиштоли, шест автомобили и 15 мобилни телефони, за сите грабежи користела речиси 30 различни возила.
Оваа криминална група има членови во Франција, Италија, Албанија и Германија, каде еден од уапсените е идентификуван како извршител на грабежот во 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Шпанија ја скратува работната недела!
Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…
Дачиќ: Запленети се три тони стероиди во…
Вицепремиерот на Република Србија и министер за…
Двајца скопјани дома чувале оружје кое на…
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното…
На Косово запленети 16,5 тони чоколади со…
Косовската царина спречила влез на значителна количина…