Во Белград протест на српската опозиција, го обвинуваат Вучиќ за кражба на гласовите

t

Стотици демонстранти се упатуваат кон Републичката изборна комисија. Демонстрантите се многу незадоволни, извикувајќи „Крадци, лопови“ и бараат повторување на изборите.

Протестот е организиран од платформата „Србија против насилството“.

„Не го изгубивме Белград, Белград беше киднапиран“, изјавил еден од организаторите.

Раша Недељков од набљудувачката мисија на CRTA изјави дека на денот на изборите ескалирале драстичните злоупотреби на избирачките права.

„Изразуваме голема загриженост во однос на квалитетот на парламентарните избори. Поради обемот и видот на сериозни злоупотреби во Белград, заклучуваме дека резултатите од изборите во Белград не ја одразуваат слободната волја на гласачите кои живеат таму“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…