Во Европа нема масло, брашно, леб…: Грција, Шпанија, Италија и Холандија воведоа драконски мерки за граѓаните да имаат што да јадат

Европа и понатаму ја тресе инфлацијата и недостигот на храна поради кризата предизвикана од војната во Украина.
Грција, Шпанија, Италија и Холандија ја ограничија количината на масло и брашно што може да се купи, а според некои информации и Германија се подготвува да направи нешто слично. Британија е погодена од невидена инфлација, а голем дел од населението спасот го бара во банките за храна.
Инфлацијата во Европската унија го забрза растот во февруари на стапка 6,2 отсто, што е рекордно високо ниво. Сите мака мачат со поскапувањата, па во Италија килограм тестенини кои чинат 0,89 евра денеска изнесува 4,71 евра, што е пет пати поскапо. Во оваа земја еден леб понекогаш достигнува и до 10 евра. Оваа храна поскапува и во Хрватска, па се очекува наскоро да чини дури две евра. Во Грција едно јајце чини дури 0,3 евра, додека во Босна литар масло отиде до неверојатни 2,45 евра. Тешка е состојбата и во Холандија, властите им наложија на граѓаните да купат до два литра нафта, што за половина литар треба да чини 2,2 евра.
Економскиот експерт Млаѓен Ковачевиќ вели дека ситуацијата е во најмала рака тешка и неизвесна, а ќе биде уште полоша доколку војната се одолговлекува.
– Ова е најлошата ситуација за Европа и светот по Втората светска војна во економска смисла. Ако војната не заврши наскоро, последиците ќе бидат огромни. Цените на сите суровини, нафтата и гасот растат, инфлацијата е повисока од кога било, а невработеноста расте. Катастрофална ситуација има и во однос на набавката на пченица од Украина и Русија, а не е јасно како тоа воопшто ќе се реши, така што Европа и светот чекаат многу неизвесен период – вели Ковачевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Паника во Вашингтон: Сомнително возило се…
Сомнително возило паркирано пред Капитол во Вашингтон…
(Фото+Видео) Потврдени црните претпоставки на Илон Маск:…
Откриена врската меѓу експлозијата пред хотелот на…
Нетанјаху отпуштен од болница по операција на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска беше отпуштен…
(Видео) Поранешниот германски министер со партнерот ги…
Михаел Рот, поранешен државен министер на Германија…
Полицијата објави хронологија: Убиствата извршени за 30…
Вршителот на должноста директор на Полициската управа…