(ВО ЖИВО) ССМ започна со блокада на Собранието!

t

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утрово започна со најавените блокади.

Почна блокадата организирана од Сојузот на синдикати на Македонија заедно со работниците, пред Собранието. Блокадата се одвива пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .

По протестот кој беше организиран, од ССМ најавија блокади доколку не им бидат исполнети барањата. Први на листата за блокирање се пратениците од Собрание, за кои велат дека се глуви за работничките барања и покачување на минималната плата.

„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“, велат од ССМ.

Понатаму блокадите ќе продолжат со тоа што на 12 февруари, во четврток ќе ги блокираат  работодавачите – Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Организацијата на работодавач, а на 17 февруари, следниот вторник Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) ССМ започна со блокада на…

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утрово…

ССМ утре го блокира Собранието – „Пратениците…

*Објава на Сојузот на синдикати на Македонија…

ССМ повикува на блокада во вторник: „Ќе…

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз…

Трендафилов: Намалувањето на функционерските плати кое ССМ…

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ,…

Трендафилов: Дојдовме по нивните плати!

Ќе ги намалуваат нивните или ќе ги…