Во Кисела Вода сите службени возила на располагање за чистење на снегот

t

На социјалните мрежи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски информираше за ангажманот на локалната власт при чистење снегот:

„❄️Уште од раните утрински часови на терен сме заедно со општинската администрација и сезонските работници за целосно расчистување на снегот на територија на општина Кисела Вода.

🚙 За неопходните потреби на граѓаните на располагање се ставени сите службени возила.
Исто така, службите на општината се достапни 24 часа за граѓаните кои имаа потреба од дополнителна интервенција за расчистување на напластениот снег.

☎️ Контакт може да се оствари на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на [email protected] или на фејсбук страницата на општина Кисела Вода.

🚜 Снегот се чисти со механизација, се фрла сол на замрзнатите површини со цел граѓаните да можат непречено да стигнат до своите работни места.

🚛 Исчистени се и приодите до градинките, тротоарите и пешачките патеки. Интензивно се работи на Теферич, во Припор, во Драчево, во моментов се чистат Пржино и Црниче. Ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници низ општината. Координирано, заедно со службите на градот Скопје се работи на расчистување на булеварите и автобуските постојки.

📢 Апелираме и до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот, а исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.“ – Напиша градоначалникот на Фесјбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…