Во март инфлација од околу 10%, проекцијата од 2,5% ќе остане само на хартија

t

Годинава може да се соочиме и со двоцифрена инфлација, проектираната од 2,5% веќе е јасно дека е недостижна, коментираат економистите за „Порталб“. Велат дека отстапувањето од планираната стапка на инфлација ќе ги измести и останатите економски прогнози за годинава. Економистите сметаат дека јавните финансии се соочени со „поместување“ поради неопходноста од таргетирани мерки за заштита на стандардот на најранливите семејства.

Цените притиснаа – стандардот се топи

Со стапка на инфлација повисока од 4 %, економски раст од 3,8% не значи ништо, велат економистите. Со отворањето на новиот воен фронт на Блискиот Исток, „тонат“ и економските прогнози за годинава која треба да заврши со инфлација од само 2.5% и раст на БДП од 3,8%. Според Сами Бислими, професор и еден од поранешните министри за економија, годинава ќе се соочиме со висока стапка на инфлација, која може да биде и дури двоцифрена.

“Проектираната стапка на инфлација од 2,5% на годишно ниво е веќе надмината во првите два месеци од годината (4%). Новиот бран на поскапувања во месец март ќе донесе стапка на инфлација што нема да биде под 10%. Во вакви околности залудно е да се зборува за проекции на инфлацијата од 2,5 %. Ова година, стапката на инфлација нема да биде помала од 20%, оти секојдневно се соочуваме со раст на цените. „Хартијата“ трпи се, кај нас статистиката е збир на неточни податоци. Стапката на инфлација се мери според формулата – растот на општото ниво на цените поделено со општото ниво на цените во почетниот период (година, квартал, месец)“, вели професорот Бислими за „Порталб“.

Според сегашните буџетските прогнози за годинава инфлацијата беше позиционирана на 2,5%, далеку пониско ниво од ланската која достигна 4,1%. Од почетокот на 2026 та, на годишно ниво, оваа стапка веќе е “пробиена“ па така трошоците на живот во јануари се зголемени за 3,2% додека во февруари во однос на истиот месец лани, растот изнесува 2,9%. Во првите два месеци од годинава во споредба со истиот период лани, индексот на трошоците на живот е зголемен за 3%.

Инфлација која е далеку повисока од планираната ќе значи и „поместување“ на останатите економски прогнози, пред се за животниот стандард мерен преку растот на БДП. За да се амортизира ударот, според дел од економистите, ќе мора да се донесат дополнителни таргетирани мерки за најсиромашните.

„Треба да се донесат многу повеќе мерки од она што досега е направено бидејќи мое лично мислење е дека овој нафтен шок и оваа криза се многу посилни од онаа во 2022 година. Меѓутоа сите анализи покажуваат дека потенцијалот на оваа последна нафтена криза е три пати повисок од оној во 2022 година. Мислам дека многу подобри ефекти можат да се постигнат ако се намалат акцизите и исто така треба да се засили на антимонополската контрола и инспекциите“ смета академик Таки Фити.

Во вакви кризни околности, според економистите веќе се постапува прашањето и за проектираниот раст на БДП од 3,8%

„Македонската економија нема капацитет за да постигне реален раст на БДП од 3,8%, особено поради фактот што голем број од капацитетите во Слободните Економски Зони или престанале да работат, или пак, работат со намален капацитет, што пак се гледа во намалениот износ на извозот, а само овие компании учествуваат со 20% до 25% во вкупниот извоз на македонската економија. Нема одржлив економски раст, ниту пак зголемување на стапката на економски раст без зголемување на производниот капацитет на економијата, а тоа се постигнува со зголемување на инвестициите, посебно во делот на примената на нови знаења и технологии“, вели Бислими.

И оваа недела на сила е намален ДДВ за горивата – засега единствена мерка за ублажување на последиците од нафтената криза. Состојбата со движењето на цените се следи од страна на мешовита работна група и од Владата не ја исклучија можноста од нови мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во март инфлација од околу 10%, проекцијата…

Годинава може да се соочиме и со…

Ристова: Да не се објавуваат деликатни содржини…

Поранешната врховна судијка Милка Ристова, реагира дека…

Снег и дожд во идните денови

Од УХМР известуваат дека во текот на…

Севернокорејски хакери нападнаа софтвер на илјадници американски…

Севернокорејски хакери се осомничени за вметнување на…

Тиса на Магјар би освоила двотретинско мнозинство…

Опозициската партија Тиса на Петер Магјар ја…