Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во мај 2026 година во однос на мај 2025 година растот на потрошувачката на природен гас од 4.8% се должи на работата на топлинските постројки, додека во мај 2025 година тие не беа активни.
Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 8.5 %
Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 479 603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264 997 тон јаглен и 78 468 тони нафтени продукти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…
Без струја денеска ќе останат дел од…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…