Во Украина има околу 100 наши државјани: МНР повторно апелира сите да ја напуштат државата

t

Министерството за надворешни работи преку амбасадата на Македонија во Киев, досега мапираше околу 100 наши државјани во Украина.

Според последните информации од Киев, околку десетина од нив, вклучувајќи ги тука и членовите на семејствата на наши дипломати, веќе потврдија дека ја напуштија Украина.

Воедно би сакале да го повториме апелот до нашите државјани доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата, и воедно ги замолуваме оние кои не ги доставиле своите податоци, истото да го сторат на контактите во Амбасадата во Киев (+380442877882 /+380663951190 / dkpkiev@mfa.gov.mk ) или до МНР (+389 75 273 732/ globalsos@mfa.gov.mk).

Министерството за надворешни работи ќе продолжи одблиску да ги следи состојбите во и околу Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре два булевара во Скопје во колапс,…

Апелираме до граѓаните за трпение до завршување…

Претрес во Скопје: Запленета дрога, приведен дилер,…

Денеска (28.03) полициски службеници од СВР Скопје-…

Таткото на Јана: На мониторот за ЕКГ…

Како што гледав преку стаклата на мониторот…

Гроси: Бараме решение за ефикасна заштита на…

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија…