Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани

t

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на 218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64 266 м2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе…

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија…

Кинез „од хоби“ прислушувал комуникации во американска…

Јужнокорејските власти уапсија двајца поранешни кинески војници…

Тротинет удрил во трудница додека се шетала,…

Трудница здобила повреди синоќа во Белград додека…

Луда вечер во Драчево: Се тепале лица…

Скопската населба Драчево синоќа наликуваше на вистинско…

Иран наскоро ќе се приклучи на Новата…

Иран наскоро ќе стане членка на Новата…