Вработените од Управата за водење матични книги на протест пред Собрание и Министерство за правда
Вработените од Управата за водење на матични книги денеска од 15 до 17 часот ќе протестираат барајќи исполнување на нивните барања. Протестот ќе почне од Собранието и ќе заврши пред Министерството за правда.
Претседателот на синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека се повикани на средба во Министерството за правда по што се очекува да дадат изјава за медиумите.
Синдикатот бара да се донесе колективен договор, линеарно да се зголемат платите и на околу 500 вработени да им бидат признати знањата и тие да работат на соодветни позиции според образованието и искуството. Протестот започна на 27 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се закани дека ќе прекине финансирањето…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
До каде е со корегирањето? Човекот кој…
„Максим Димитриевски за една година си ги…
Горивата поевтинуваат од полноќ – РКЕ со…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека…
19-годишна девојка пијана предизвикала сообраќајка во Радовиш…
На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш…