Објавено на:

Врв на военото лудило во Америка: Сенатор ги повика Русите да го убијат Путин

t

Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец кој ја претставува Јужна Каролина во Сенатот на САД, со луда порака на социјалната мрежа ги повикува граѓаните на Русија да му го одземат животот на рускиот претседател Владимир Путин.

Греам на Твитер праша дали има Брутус во Русија или поуспешна руска верзија на полковникот Штауфенберг, кој се обидел да го убие Хитлер.

„Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстраните тој човек. Ќе си направите услуга на себе и на светот“, напиша Греам.

Набрзо на Твитер му одговори еден колега републиканец, сенаторот Тед Круз, пишувајќи дека тоа е исклучително лоша идеја.

„Да користиме огромни економски санкции, да ја бојкотираме руската нафта и гас и да им овозможиме на Украинците да земат оружје и да се бранат. Но, да не повикуваме на атентат на шефот на државата“, рече Круз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…