Вреди: Oбичај е да се оди по невеста, посетата на Гаши е според закон

t

Фари Хисени, портпарол на Коалицијата Вреди за користењето службено возило од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши за да оди на свадба во Косово на поворка, смета дека е според законските прописи и стандарди, но се доживува како скандал – бидејќи биле големи очекувањата по падот на ДУИ.

-Јасно ни е на сите дека по 22 години режим на ДУИ, граѓаните имаат високи очекувања од новата власт. Ваквите ситуации кога во минатото не биле ниту дискутирани и разговарани, денеска стануваат клучни теми во медиумите, што сметам дека е бесправно, заради тоа што станува збор за второ лице на држава, за кое законските прописи го регулираат тој момент каде што претседателот на Собранието е неопходно да биде во придружба на обезбедувањето.Така што, и во конкретниот случај, самата посета не е надвор од законските прописи и е во хармонија со тој стандард, рече тој.

Хисени нагласи тие како политичка партија не можат да преземат одговорност дали користел или не платен налог, посочувајќи дека МВР е надлежна институција која може да го истражи целиот настан.

-Ние сме политичка партија и сметам дека не можеме да имаме одговорност дали користел или не платен налог. Тука МВР е надлежна институција да го истражи целиот настан и да се докаже дали тоа е точно.Ние застануваме зад соопштението што Кабинетот на претседателот на Собранието го испрати вчера за медиумите. Штом јавно тоа го наведуваат во соопштение, ако тоа не е точно, тогаш има последици. Тоа му следува како втор човек на државата.

Свесни сте за злоупотребите во претходната власт, во 22-годишниот режим. Службените возила ги користеле и лица од кабинети, не пак втор човек на државата. Вработени кои со месеци не биле на работните позиции ги користеле службените возила за приватни цели во и надвор од државата, рече тој.

Хисени истакна дека исто така се предвидени и безбедносни мерки за преминувањето на граничен премин за претседател на Собрание и високи државни лица. Тој потенцира дека нема информации дали во колоната со службеното возило на претседателот на Собранието имало и други придружни возила.

Околу етичкиот аспект на настанот, Хисени рече дека ваквите ситуации кога се оди по невестата е обичај за секоја албанска, но и македонска свадба.

-Не гледам нешто лошо за да се практикува обичајот на еден народ, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

Jа клоцал, ја влечел за коса па…

Полицијата во Земун го уапси С. Н.…

Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…

„Росавијација“ ја објави причината за падот на…

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…