Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег

Времето утре ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето утре претежно облачно и студено со…
Времето утре ќе биде претежно облачно и…
Дојче Веле: Германските разузнавачи се сè повеќе…
БНД и Бундесверот предупредуваат понедвосмислено од кога…
Вучиќ утре ќе го соопшти името на…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре…
Кривична пријава за 64-годишно лице – осомничен…
МВР поднесе кривична пријава против лицето Б.С.…
(Видео) „Пуши к**, оле, оле“ – Незгодна…
Навивачите на МКК Куманово на натпреварот со…