Врзи го коњот каде ти кажува газдата: Костадиновска нема да се сретне со Арсовска, макар се срушила цела Универзална

t

Бегство од реалноста и проблемите, само вака може да се опиште владеењето на СДСМ во Македонија изминативе пет години. Дали се работи за суштински проблеми на граѓаните или за националниот идентитет, работите пет години се пикаат под тепих, а одговорот неретко е дека Македонија е во криза.

Токму ова го направи попладнево министерката за култура, Бисера Костадиновска позната по нејзинито гласање во Собранието во скафандер позитивна на коронавирус.

Да Костадиновска одби средба и јавна расправа со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со реконструкцијата на Универзалната сала, симбол на Скопје по земјотресот.

Универзалната сала која е изградена со средства донирани од 10-тици држави низ целиот свет сега буквално се распаѓа откако пред година и нешто, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се одлучи да ја руши па поради притисок од јавноста да најави нејзина реконструкција.

Но наместо за година дена да ја заврши реконструкција та како што дознаваме од деталната елаборација на Арсовска, Шилегов не само што не ја завршил реконструкцијата туку не ја комплетирал ниту проектната документација, а ако продолжи истата да се „реновира“ како што тоа планирал Шилегов салата преставува ризик по животите на граѓаните.

Откако се пишмани да ја руши поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, вети дека автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува, објектот ќе го задржи постојниот облик и големина за да се сочува колективната меморија за Универзална како симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Но, олчигледно решил да помине поевтино и неквалитетно.

Арсовска детектираше и и соопшти на јавноста грешка и недостатоци во проектната документација која што е изработена и прифатена од претходното раководство на град Скопје. И токму тоа е причина за намалениот интензитет на активностите за реконсрукација на Универзалната сала.

-Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци, истакна Арсовска.

Иако Арсовска декетираше дека има проблеми со конструкцијата односно носечките столбови, денеска министерката за култура одби да се сретне со градоначалничката на Скопје за да се реши проблемот.

На барањето на Арсовска за јавна дебатата на која ќе се најде решение за Универзална сала, Костадиновска попладнево одговори негативно.

На прашањето на Инфомакс дали ќе се сретне со Арсовска и кој е ставот по однос на структурните проблеми на објектот, со други зборови од министерството одговорија дека тоа не е нивна работа.

-За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска констатира, јавното обраќање на градоначалничката Данела Арсовска е партиско соопштение испратено на меморандум на Град Скопје. Тоа не е формат на официјална покана за средба помеѓу градоначалничка и министерка. Гаранции при реконструкција на кој било објект, па и на Универзалната сала издаваат надлежни институции, велат од министерството.

Несериозниот пристап на Костадиновска потсетува на онаа анегдота „Врзи го коњот каде ти кажува газдата, па макар умреле и ти и коњот и газдата“.

Да потсетиме дека попладнево Градот Скопје јавно упати покана до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.

Министерката како застапник на овој спорен проект за реконструкција на Универзална сала веројатно не е информирана и воопшто нема познавања за состојбите. Доколку по средбата се уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на Скопјани, стоеше во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко е повреден мотоциклист од Грчец, се…

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила…

Кривична пријава за 62-годишен струмичанец, се обидел…

62-годишен жител на Струмица доби кривична пријава…

Мелони: Европејците мора да се одбранат во…

Претседателот на Италија, Серџо Мелони најавените царини…

Убиле старец и го закопале во близина…

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од…

Филипче: СДСМ не стои зад протестите на…

СДСМ не стои зад протестите на синдикатите…