Објавено на:

Вселенскиот патријарх повика на мир меѓу Русија и Украина: Меѓународното право е право на мирот

t

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“, јави дописничката на МИА од Атина.

На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.


-Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.

Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.

-Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина “се спука” со Сирија заради признавањето…

Министерството за надворешни работи на Украина објави…

Бајден: САД и НАТО ќе ја поддржуваат…

САД и НАТО ќе ја поддржуваат Украина…

(Видео) Русија е виновна за сите проблеми…

Американскиот претседател Бајден „откри“ кој е главниот…

,,Третата светска војна е веќе почната”

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, изјави…

Володин му одговори на Столтенберг: Во случај…

Володин му одговори на Столтенберг... Велејќи дека…