Објавено на:

Вучиќ: Ако ги изгубиме изборите ќе им се смеам во лице пркосно и гордо и од притвор и од затвор

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес дека нема да избега од земјата доколку Српската напредна партија (СНС) ги изгуби изборите што ги најавуваше во последните месеци.

Тој отворено кажа дека има намера да поднесе оставка од функцијата шеф на државата и да се обиде да ја обезбеди премиерската функција и на тој начин да остане на власт.

Денес, Вучиќ, во гостување во програмата на провладината ТВ Прва, изјави дека претседателските избори најверојатно ќе се одржат во јануари 2027 година доколку парламентарните избори се одржат во октомври.

-Доколку има парламентарни избори во октомври, можно е да има претседателски избори кон крајот на декември или почетокот на јануари, а доколку има парламентарни избори во ноември, тогаш претседателските избори сигурно ќе бидат во јануари или, можеби, најдоцна на почетокот на февруари, рече Вучиќ.

Тој рече дека е можно да изгубат на изборите, но дека не се плаши од ништо.

-Можно е да ги изгубиме изборите, но сепак ќе ги броиме гласовите. Кога ќе победат на изборите, ќе им честитам и истата вечер ќе кажам дека на власт дошле најлошите можни луѓе. Ќе им се смеам во лица цело време од притвор и од затвор и од гроб, пркосно и гордо, рече Вучиќ.

Предвремени избори бара студентското движење и голем дел од јавноста по повеќе месечни антивладини протести, предизвикани од смртта на 16 лица при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во 2024 година. Овој настан демонстрантите го сметаат за вина на владата за коруптивните практики и пристрасните постапки на институциите.

Студентското движење го објави својот изборен список, а Вучиќ рече дека на изборниот список на СНС ќе има многу повеќе млади луѓе отколку на списокот на студентите.

-Ако граѓаните сакаат да гласаат за младите и иднината – ќе можат да гласаат за СНС. Ние ќе бидеме неспоредливо помлад список од нивниот, а јас ќе бидам меѓу постарите“, тврди Вучиќ, истакнувајќи дека ќе биде „гордо на таа листа“ и дека „нему не му е важно дали ќе го стават на 250, 72, прво, трето, петто место“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…

Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…