Објавено на:

Вучиќ: Добив чудни информации за регионот но ќе го зачуваме мирот – Бидете спокојни

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на презентацијата на предизборната програма на неговата партија посочил дека добил „некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови“.

„Но, ние ги анализиравме и сѐ ќе биде во ред. Тоа се однесува на ситуацијата во регионот и ќе успееме да го зачуваме мирот. Слободно бидете спокојни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече тој.

Вучиќ се осврнал и на состојбата со храната во регионот и светот, велејќи дека станува јасно дека храната нема да биде доволна за секого.

„Јасно е дека количината на храна што ја имаме во Европа нема да биде доволна за секого. Јасно е дека количината на жита е помала од побарувачката“, изјави српскиот претседател.

Тој додал дека Србија сметала на оваа ситуација и дека има огромни барања за извоз на храна, најмногу од Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пендаровски: Да внимаваме на “малигните актери”…

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку…

Ѓукановиќ: Националисти бараат прекројување на границите на…

Денес, националистите повторно се обидуваат да ја…

Нова мисија: Ердоган ќе ги “смирува” замрсените…

Ердоган во нова мисија: Дали Турција може…

Балканските пристаништа се важен актер во меѓународниот…

Солунското пристаниште е едно од десетината слични…

Ќе има ли катастрофа и во Босна?…

Фактот дека Милорад Додик го користи национализмот…