Вучиќ: Заробени сме во огромна глобална дисфункција
Во следните седум до 10 дена ќе донесеме важни одлуки и ќе ги информираме граѓаните за новите мерки кои се важни за иднината на Србија – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за Дневник РТС.
Генералната дебата на 77. Собрание на ОН започна денеска со обраќањето на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој им порача на светските лидери дека земјите се „заробени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата.
– Мислам дека реалните прогнози мора да бидат уште помрачни од она што го кажа Гутереш. За нас позицијата е уште потешка бидејќи ОН играат се послаба улога во светот, големите сили презедоа се на себе. Така денес најголемиот собир е тука, над 150 суверени, шефови на држави, премиери, што значи дека луѓето бараат надеж. Во секој дел од светот има безброј кризи, секако тешка слика за сите нас – рече претседателот на Србија.
Според него, не е тешко да се погоди што ќе каже претседателот на Русија Владимир Путин на обраќањето кое се очекува.
– Претпоставувам дека од фазата на специјална операција се приближуваме до голем воен конфликт, а прашање е каде се границите. Се плашам дека за месец-два ќе влеземе во голем светски конфликт каков што не сме имале од Втората светска војна. Сепак, наше е да обезбедиме сигурност на граѓаните. За сите нас, мали, нема убави и лесни вести и очекувам се што ќе видиме ќе биде дополнително усложнување на односите меѓу Западот и Русија и Кина – додаде Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа,…
Мерката на претходната Влада за помош на…
Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените…
Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност…
ТВ21: Жители на селото Вејце отсечени поради…
Снегот кој паѓаше во изминатите денови во…
Филипче: Мицкоски лично дозволи трговците да печалат…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод…
Прилепчанец пронајден починат во камп приколка
57-годишен прилепчанец пронајден починат во прилепско. -…