Објавено на:

Вучиќ: Не сум оптимист кога се работи за брзо членство на регионот во ЕУ

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Западен Балкан досега не ја разбрал доволно добро важноста на меѓусебната соработка и дека не е оптимист во однос на брзото членство во ЕУ за која било од државите во регионот.

„Ме гледаа како песимист и претпазлив човек, но очигледно е дека бев во право. Не мислам дека ЕУ во следните неколку години ќе може да носи одлуки за проширување, но тоа не значи дека ние не треба забрзано да продолжиме по нашиот европски пат и да спроведуваме реформи“, рече тој на конференцијата на претседателите на парламентите на државите кандидати за членство во ЕУ.

Тој наведе дека е бесмислено Србија да биде членка, ако тоа не се и Северна Македонија или Босна и Херцеговина.

„Ние и понатаму немаме слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги – ниту овде во регионот. Испреплетени сме и најголемиот дел живееше во заедничка држава. Сепак, не се ослободивме од разликите и конфликтите од деведесеттите години. Многу е важно со другите земји кои се наоѓаат на европскиот пат да остваруваме секаков вид соработка“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Не сум оптимист кога се работи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Почина 37-годишна жена во скопски Аеродром

МВР информира дека доцна синоќа околу 22:45…

Од денеска српска полиција ќе става ред…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Камбовски: Надоместоците на судиите-поротници се несоодветни, очекувам…

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази…

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата? Науката…

Според научните истражувања, интелигенцијата во голема мера…